Нашата организација е посветена во утврдувањето на високи стандарди и побарувања, кои би донесле меѓусебно чувство за добар бизнис, нам и на нашите партнери.
Свис Бред е олицетворување на нашиот стремеж кон совршенство и желба да ви претставиме кроасани, погачи и леб со висок квалитет, кои во себе носат долгогодишна традиција.
Специјализирана во производството на Швајцарски кроасани и леб по уникатни рецепти кои даваат вкус кој го нема на Бугарските рафтови, фабриката е плод на напорите на нашиот партнер Џовани Брумана, член на семејство кое е сопственик на голем број пекари и слаткарници во Лугано, Швајцарија.
Со помош на искуството на многу генерации како и нови технологии, Џовани реши да ја рашири својата дејност во Бугарија, а недостатокот на продукција со таков висок квалитет на нашиот пазар, стана дополнителен стимуланс за инвестирање од негова страна.
Ние ја поздравуваме можноста да бидеме негови партнери и резултатот е фабрика, создадена и прилагодена на најновите услови за сигурност на храната, која што располага со современи машини и технологии, и по зборовите на Џовани, чувствително ги надминуваат нашите швајцарски претходници.
Се разбира, Вие ја имате можноста да се убедите во тоа посетувајќи не, а ако им давате предност на резултатите – просто пробајте од нашите кроасани, погачи и леб.
Како стимул на нашата трговска мрежа, Свис Бред ООД ви отстапува парно конвекциски печки за финално приготвување на нашите готови, полузамрзнати и замрзнати производи.
Јасен Наков Џовани Брумана